Sunday, September 19, 2010

Рок музика


Рок музика
Рок музика е форма на популарна музика со проминентна вокална мелодија, придружена со гитара, тапани и бас гитара. Многу стилови на рок музиката користат и клавијатурни инструменти, како што се пијаното и синтисајзерите. Други инструменти кои поретко се искористени во рокот се саксофон, хармоника, виолина, флејта, тимпани и др. Рок музиката има силно темпо и често се фокусира околу гитара, електрична или акустична.
Рок музиката своите корени ги има во 1940-те и 1950-те форми на рокенролот, кој еволуирал од блуз, кантри музиката и други влијанија.
Во доцните 1960-ти, рок музиката се соединила со фолк музиката за да создаде фолк рок, со блуз за да создаде блуз рок и со џез за џез-рок фузија. Во 1970-те, рокот примил влијанија од соул, фанк и латино музиката. Исто во 70-те, рокот добил голем број на поджанрови, како што се софт рок, хеви метал, хард рок, прогресивен рок и панк рок. Рок поджанровите кои се појавиле во 1980-те вклучуваат синтпоп. хардкор панк и алтернативен рок. Во 1990-те, нови рок поджанрови се гранџ, бритпоп, инди рок и ну метал.
Група на музичари специјализирани во рок музика се нарекува рок бенд или рок група. Многу рок бендови се состојат од гитарист, пејач, бас гитарист и тапанар, формирајки квартет. Некои групи користат пејач кој истовремено свири на инструмент додека пее, притоа формирајки трио; други вклучуваат двајца или еден ритам гитарист и некој кој свири на клавијатура. Многу ретко, групите користат жичени инструменти како што се виолина или виолончело и/или дувачки, како саксофон, труба .
Рок музиката претставува жанр на популарната музика која што била најактуелна во 1950-тите. Влече корени од рокенрол, ритам и блузот и кантри музиката како и од фолклорната музика , џезот и класичната музика од 1040-тите и 1950-тите години. Звукот на рокот најчесто се создавал со гитара пропратена со ритамот на електронска бас гитара,тапани и клавијатури како оргула,пиано или синтисајзер што се вовел во 1970-тите. Освен гитарата или клавијатурата ,понекогаш , како соло инструменти се користеле и саксофонот или хармоника во блуз стил. Во раните 1960-ти и 1970-ти год. од рок музиката произлегоа и други поджанрови. Кога рок музиката се споила со фолк музиката се создала фолк -рок музика, со блуз се создал блуз-рок,а со џез се создала џез-рок музика. Во 1970-тите ,рокот беше под влијание на сол,фанк и латионо музиката. Исто така, во овој период се создале голем број на поджанрови како што е софт- рок ,глам- рок , хеви -метал , хард- рок , прогресивен -рок и панк –рок. Во групата на поджанрови на рокот ,кои се појавиле во 1980-те год., спаѓале новиот бран на жесток панк како и алтернативниот рок. Во 1990-те години се појавуваат и дуги поджанрови како гранџ, бритпоп,инди-рок и ну метал.Групата музичари кои изведуваат рок музика се нарекуваат рок-бендови или рок-група. Скоро сите рок групи имаат гитарист на електронска гитара,пејач,бас гитарист и тапанар со што формираат квартет. Некои групи не имаат еден или повеќе од овие членови или пак пејачот свири на некаков инструмент додека пее со што се сметаат за дуо или трио. Други пак,имаат поголем број музичари како на пример еден или двајца ритам гитарисит или клавијарист. Многу ретко се случува некој од групата да свири на жичани инструменти како виолина и виолончело , дувачки инструменти како саксофон и дувачки инструменти како трумпети или тромбони. Зборот рок најчесто се користи како општ термин што ги опфаќа формите на поп, реге и сол музика,а понекогашдури некогаш и хип хоп музиката.

Поп-рок
Терминот поп се употребувал од почетокот на XX век и се однесувал, општо, на популарната музика.Од средината на 1950-тите години почнал да се користи за означување на различни жанрови на младите. Често се сметало дека всушност е понежна варијанта на рокенрол. По Британската инвазија , од околу 1967 година, поп музиката биле сосем различна од рок музиката и имала покмерциална, ефемерална и пристапна форма. Спротивно на тоа , рок музиката , била насочена кон поважни работи ,како издавање албуми и често се поврзувала со под- култури (против културата), се ставало акцент на вредностите и ,,автентичноста” на изведувачите ,изведбите во живо и инструментална или вокална виртуозност. Сепак , поп и рок музиката имале многу сличен звук, инструменталност, па дури и слична содржина на текстот. Термините,,поп-рок’’ ,,моќен поп” се користеле за да се ослика поголемиот комерциален успех на музиката која употребувала елементи од рок музиката или ја имала формата на рок музиката. Поп-рок музиката се дефинирала дефинирана како ,,поведра варијанта на рок музиката и нејзини претставници биле изведувачи како Елтон Џон , Пол Меккартни , браќата Еверли , Род Стјуарт, групата Чикаго и Питер Фрамптон”. Од друга страна , музичкиот критичар Џорџ Старостин, оваа музика ја дефинира како поджанр на поп музиката каде што се изведуваат интересни поп песни со придружба на гитера. Старостин кажува дека терминот ,,моќен поп’’ (power pop) ,термин кој го создал Пити Тоуншенд (Pete Townshend) од групата Ху(The Who) во 1966 година ,но не се користел многу сѐ додека не почнале да го користат бендови како Бедфингер (Badfinger) во 1970-тите години) , е поп-рок поджанр и дека содржната на текстот на поп-рок ,, обично е помалку важна од музиката “. Низ историјата се појавиле рок изведувачи кои користеле елементи на поп и поп изведувачи кои, како основа за нивната работа, изведувале рок музика.
Блуз-рок

Иако британската инвазија на американската популарна музика започнала со R&B изведувачите сепак, ова движење го прифатиле британските бендови кои припаѓале на вториот бран и нивната инспирација ја црпеле дирекно од америчкиот блуз. Меѓу нив спаѓаат и Ролинг Стоунс и Јардбирдс (Yardbirds) . Музичарите на британскиот блуз од доцните 1950-ти години и раните 1960-ти години биле инспирирани од акустичните изведби на личности од калибарот на Лид Бели (Lead Belly) кој , пак , бил под силно влијание на движењето Скифл(Skiffle) и Роберт Џонсон. Тие почнале да применуваат многу гласни звуци кои произлегувале од електронска гитара, врз основа на блузот од Чикаго. Тоа особено се случувало по Британската турнеа на Муди Ватерс (Muddy Waters) во 1958година.Поради трнеата Кирил Дејвис (Cyril Davies) и гитаристот Алексис Корнер добле инпирирација да го формираат бендот Блуз Инкорпорејтед (Blues Incorporated). Овој бенд вклувал и инспирирал многу изведувачи од британскиот блуз-бум , вклучувајќи ги членовите на Ролинг Стоунс и Крим , кои го мешаа стандардниот блуз со инструментални форми на рок. Многу важно име за британскиот блуз е Џон Мајал (John Mayall) основач на групата Блузбрејкерс (Bluesbreakers). Меѓу членовите на оваа група биле и Ерик Клептон (откако си заминал од Јардбирдс (Yardbirds)) , а подоцна се приклучил и Питер Грин. Особено важно било снимањето на албумот на Блуз Брејкерс со Ерик Клептон (Беано) во 1966 година кој се сметал за еден од највлијателните снимки на британски блуз. Звуците на овој албум се рашириле од Велика Британија во САД. Ерик Клептон подоцна ги формирал и супергрупите Крим, Блајнд Фејт и Дерек и Доминос. Исто така, тој доживеа и прекрасна соло кариера која била одлучувачка за популарноста на блуз-рок. Во доцните 1960-ти години Џеф Бек, исто така поранешен член на групата Јардбирдс со неговата група Џефбек Груп (The Jeff Beck Group), го насочил блуз-рокот кон хеви –рок. Последниот гитарис на Јардбирдс , Џими Пејџ ја формирал групата Њу Јардбирдс кои за брзо време се преименувале во Лед Цепелин и нивните почетоци се вртеле околу адаптирањето на стандардите на блузот. Многу од песните од нивните први три албуми отстапувале од традиционалните блуз песни. Америчкиот блуз-рок се појавил во раните 1960-ти год.,со гитаристот Лони Мек, но опстанал само до средината на 1960-тите год. затоа што изведувачите почнале да го применуваат британскиот блуз.Меѓу најважните изведувачи се вбројувале Пол Батерфилд , Канид Хеат , Џеферсон Ерплејн , Џенис Џоплин , Џони Винтер , Џ.Геилс Бенд и Џими Хендрикс со неговото моќно трио Џими Хендрикс Експириенс и Бен оф Џипсис кои со виртуозната гитара и моќните настапи се нашле меѓу најпопуларните на декадата. Бендовите на блуз-рок како Алман Брадерс Бенд , Лајнјрад Скајнјард и секако ЗЗ Топ од јужните држави во нивниот стил вметнале кантри-елементи и со тоа создадале различен Јужначки рок.Раните блуз – рок бендови често користеле џез, свиреле долги и правеле некакви импровизации кои подоцна ќе станат основните елементи за прогресивниот рок. Од 1967 година, бендовите како Крим и Џими Хендрикс Експириенс почнале да се оддалечуваат од чистата блуз музика и да се насочуваат кон псикоделичност. До 1970-тите години блуз – рококот станал појак и пооштар и него го извдувале Лед Цепелин и Дип Прпл и постоела видлива граница меѓу блуз –рок и хард рок со тоа што бендовите почнале да снимаат албуми во рок стилови.Овој жанр во 1970-те години го продолжиле имиња како Џорџ Дорогуд и Пет Траверс ,но бендовите почнале да се наочуваат кон хеви метал , особено на Британска сцена (со изклучок на групата Статус Кво и Фогат кои се насочиле кон форми со висока енергија и повторлив буги рок.
Глам-рок
Глам-рок се развил на англиската психоделична и рок сцена кон крајот на 1960-тите години и се сметал за продолжување на овие трендови или пак реакција против нив. Музички, овој жанр бил многу разновиден и варирал од ревитализирање на обичниот рокенрол од страна на изведувачи како Алвин Стардус, до сложени рок изведби на артисти како Рокси Мјузик. Може да се каже дека бил модерен музички под-жанр. Претставувал ,,смеса’’ од различни стилови, почнувајќи од од холивудскиот гламур во 1930-тите, па пин-ап сексапил од 1950-тите и т.н. Глам-рокот најмногу бил познат по својата сексуална и полна двосмисленост и по претставување на андрогеност, покрај големата употреба на театралност. Тоа го претставувале шоумени и изведувачи кои манипулирале со изгледот, па не е знаело кој е машко а кој женско како на пример американските изведувачи Кокетс и Алис Купер.Потеклото на Глам рок се поврзува со Марк Болан, кој кон крајот на 1960-тите го преименувал неговото фолк дуо во Т. Рекс и почнал да свири на електрични инструменти. Често се наведува дека ,како моментот на создавањето е неговото појавување на ТВ програмата Топ оф д Попс(Top of the Pops) во Велика Британија во декември 1970 година каде носел светкави алишта кога го изведувал неговиот прв # 1 сингл "Ride a White Swan".Од 1971 година, Дејвид Бови кој веќе бил мала ѕвезда, ја создал својата Зиги Стардаст личност и во своите изведби вклучувал елементи на професионална шминка, мимика и перформанси. Стилот на овие изведувачи подоцна почнале да го следат и други изведувачи, вклучувајќи ги Рокси Мјузик, Свит, Слејс, Мот д Хупл, Муд и Елвин Стардаст. Иако биле многу успешни на топ листите во Велика Британија, многу малку од овие музичари се пробиле на Американскиот пазар. Боуви, кој станал меѓународна суперѕвезда бил исклучок и придинел за тоа изведувачите како Лоу Ред, Иги Pop, Њујорк Долс и Џобријад да го прифатат глам стилот, попознат како "глитер рок" и почнале да употребуваат помрачни лирски содржина отколку нивните британски колеги. Во Велика Британија терминот сјаен рок најчесто се употребувал кога се зборувало за екстремната верзија на глам-рокот чии што лидери биле Гери Глитер и неговата група Глитер Бенд, кои постигнале осумнаесет топ-тен синглови во Велика Британија меѓу 1972 и 1976 година.Вториот бран на глам- рок изведувачи, меѓу кои се нашле и Сузи Кватро, Визард и Спаркс на Рој Вуд, доминирале на британските топ списоци од 1974 до 1976 година.Некои изведувачи кои не припаѓале на овој жанр, сепак го прифатија стилот глам.Меѓу нив спаѓаат Род Стурт , Елтон Џон, Квин, дури и Ролинг Стоунс.Исто така директно влијаеше врз изведувачите што подоцна стана познати, вклучувајќи ги Кис,Адам Ант, и индирекно врз формирањето на готски- рок и глам метал, како и на панк- рок,што предизвика да се стави крај на гламот во околу 1976 година. Софт рок, хард рок и хеви метал Од крајот на 1960-тите основната рок музиката почнала да се дели на софт и хард рок. Софт рок често произлегувал од фолк рок, со користење на акустични инструменти и истакнување на мелодијата и хармонијата. Голем број уметници, меѓу кои Карол Кинг, Кет Стивенс и Џејмс Тејлор го практикувале овој стил.Својот комерцијален врв го достигнал во средината и крајот на 1970-тите со изведувачи како Били Џоел, Америка и повторно формираната група Флетвуд Мак, чии што албум Руморс (1977год.) бил најпродаван албум на декадата. За разлика од овој стил, хард рокот произлегувал од блуз-рок и се свирел погласно и со повеќе интензитет.Често, водечка била електричната гитара,како ритам- инструмент за постигнување на едноставни рефрени кои се повторуваа како и водечкито соло како инструмент, при што често се користела дисторзијата или други ефекти.Меѓу главните изведувачи биле бедовите на британски инвазија како Ху и Кинкс, и изведувачи од психоделичната ера како Крем, Џими Хендрикс и Џеф Бек Груп. Меѓу хард -рок бендовите кои доживеале меѓународен успех во 1970-тите години спаѓаатТин Лизи, Аеросмит и AЦ/ ДЦ. Од крајот на 1960-тите години терминот хеви метал почнал да се користи за да опише хард рокот што се свирел уште погласно и со посилен интензитетот. Терминот за прв пат се користел за да се опише музиката на Степенволф во песната,, Born to be Wild’’ (1967 година) и почнал да се поврзува со нови бендови како Блу Чеер (Blue Cheer) од Бостон иГранд Фанк Реилрод (Grand Funk Railroad) од Мичиген. Од 1970 година три клучни британски бендови создале карактеристични звуци и стилови што помогнале за создавање на под - жанр. Лед Цепелин во нивните блуз-рок рефрени додавале елементи на фантазија.Дип Прпл вовеле симфониски и средновековен елементи во нивната прогресивна рок фраза додека пак Блек Сабад, вовеле елементи на готска модална хармонија, што помогнало при создавањето на,, мрачен’’звук. Овие елементи ги прифатила и "втората генерација" на хеви метал бендовите во доцните 1970-ти, вклучувајќи: Џудас Прајст (Judas Priest),Моторхед (Motörhead) и Рејнбоу (Rainbow) од Британија, Кис, Тед Наџент и Блу Ојстер Култ од САД , Раш од Канада и УФО и Скорпиони и од Германија.Сите овие беа исклучитело популарни во овој под-жанр. И покрај тоа што недоволно се пуштал во етерот и слабо се пластраше на топ листите, сепак, хеви металот имал голем број фанови, особено машките адолесцентите од работничката класа во Северна Америка и Европа.

1 comment:

  1. Ковид-19 има тешка година, но со помош на понудата за заем на г-дин Педро успеав да поминам затоа што неговата понуда за заем од 2% навистина ми помогна многу и благодарен сум што можам да споделам овде дека г-дин Педро нуди заеми на 2 % стапка, исто така, тој може да финансира секаков вид на легитимен бизнис или да бара лична финансиска помош. Е-пошта: pedroloanss@gmail.com и Whats-App: +1- 8632310632

    ReplyDelete